Втора фаза од акцијата-Дај свој придонес-засади дрво!

Во тек е спроведувањето на втората фаза од акцијата Дај свој придонес- засади дрво! во која учество, освен Интерворкс како иницијатор на оваа акција, се приклучуваат повеќе битолски компании, како и Општина Битола и ЈП Комуналец- Битола.

Општина Битола се јавува како примател на донацијата, а спроведувањето на акцијата, како и засадувањето на јавните површини ќе биде направено во соработка со ЈП Комуналец Битола. Како донатори во оваа фаза се јавуваат и компаниите: Kromberg & Schubert (Кромберг & Шуберт- Битола), Киро Дандаро, Пица ресторан Кус-Кус, Бимилк, Хемометал, Синпекс ДОО (Sinpeks DOO), и Cylindo.

Повикoт за донација на садници беше отворен на 15.03.2019, а бројот на предвидени садници за физички лица во оваа фаза се исполни во рекордни 60 минути! Садниците кои се донираат овој пат се Thuja Smaragd со висина од 60-80 цм. Максимален број на садници кои едно лице можеше да ги добие беше 10 садници. Пријавувањето одеше според правилото “прв дојден, прв услужен”, на маилот donacii@interworks.com.mk.

Во оваа фаза ќе бидат опфатени и поголем дел од јавните површини во општина Битола. Ќе бидат засадени површините во сите основни училишта, градинките, Зоолошката градина, ЈЗУ Трифун Пановски, како и дел од Градскиот парк.

Уште еднаш изразуваме благодарност до сите компании кои ни се придружија во акцијата како донатори и до Општина Битола која се согласи да биде примател на оваа донациија како и до ЈП Комуналец кој ќе помогне со засадување на садниците на јавните површини.

Во склоп на засадувањето садници на јавни површини Ве покануваме сите на првиот ден на пролетта 21 Март, во четврток во 11 часот во Градскиот парк- Битола, заедно да ги засадиме садниците кои се предвидени за таа површина и кои ќе го подобрат квалитетот на воздухот кој го дишеме, но воедно и ќе ни го разубават самиот парк.

Се надеваме на уште поголема заинтересираност од страна на компании, амбасади, конзулати и здруженија во следната фаза на акцијата, односно есен 2019.


Се гледаме во четврток!