Како да изградиш успешна кариера во ИТ?

Потребата од ИТ кадри во целиот свет, па и кај нас постојано расте. Потребата од аутсорсирани услуги кај странските компании е огромна, што од друга страна е голем предизвик за македонските компании, како во делот на пронаоѓање и задржување на клиенти така и во делот на пронаоѓање на вистински ИТ професионалци на домашен пазар. Во тој контекст Интерворкс се одлучи да го отвори Интерворкс Едукативен Центар, кој по својата програма и начин на работа е единствен во регионот, па и пошироко. Дел од нашата работа се и иновациите, па така, Едукативниот Центар нуди малку поинаква, поквалитетна и посеопфатна програма која е резултат на истражувањата и искуствата на нашите професионалци.

Едукативниот Центар е „отскочна штица“ за вработување на сите оние што не успеале да се стекнат со соодветно програмерско знаење, а сакаат да се дел од ИТ заедницата и да изградат кариера во ИТ. Едукативниот Центар претставува дополнување на целото академско знаење на секој студент, што пак ќе му овозможи поголема конкурентност на пазарот на труд и полесно вработување. Со еден збор преку совладување на курсевите кои ги нудиме, а особено курсот Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер, им даваме шанса на сите амбициозни луѓе да стекнат знаења и вештни со кои ќе дојдат полесно до работа во ИТ секторот. Наша визија е да го подигнеме стандардот на квалитет и знаење во областа на ИТ во Битола и пошироко. Нашите студенти сакаме да се истакнат со знаења во повеќе области како дефинирање, градење и тестирање на софтверски решенија, испорака и одржување на истите. Ние веруваме дека само преку континуирано и значително подигнување на нивото на програмерските вештини, како и фокусирање на принципите на компјутерската наука, во Битола ќе направиме средина каде младите, образовани кадри ќе сакаат да живеат, творат и заработуваат.

Како да станеш дел од Интерворкс Едукативен Центар?

Сите оние кои се заинтересирани да ги збогатат своите знаења и да станат дел од Едукативниот Центар потребно е да се пријават соодветно на нашата веб страна. Курсот Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер е наменет за збогатување на веќе постоечки знаења од областа на програмирање. За курсевите Основи на развивање на софтвер: back-end страна (Java, RDBMS, Web Services) и Летен курс за Основи на веб дизајн не се потребни претходни предзнаења.

 

Што се очекува од посетителите за време на курсевите?

Посетителите за време на курсот освен редовната настава во континуитет добиваат повратни информации за нивниот напредок, како и домашни задачи со кои би го утврдиле материјалот за учење. Од нив се очекува редовно да го посетуваат курсот, да ги  извршуваат задачите кои им се задаваат и да поминуваат време надвор од курсот во совладување на содржините од курсевите.

Што после курсот?

После курсот се очекува сите посетители да стекнат нови знаења и да ги совладаат содржините кои биле опфатени за време на курсот кој го посетувале, што секако ќе се потврди со завршна евалуација. Сите оние кои успешно ќе ги завршат курсевите ќе бидат поконкурентни на ИТ пазарот и ќе можат да аплицираат за работа во било која ИТ компанија, вклучувајќи ја секако и Интерворкс.

Следната група за курсот Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер, ќе се формира на есен, а деталите можете да ги најдите на следниот линк https://interworks.com.mk/interworks-edukativen-centar/.