Летен курс: IT англиски за основци и средношколци

Опис на курсот

Светот станува глобална заедница преку авионски патувања, Skype, Facebook и други социјални медиуми. Тоа ја поттикнува потребата да се зголеми разбирањето и да се подобри комуникацијата меѓу сите нас. Од суштинско значење е меѓународна размена на идеи за решавање на клучните прашања.

Поради оваа причина, се повеќе и повеќе поединци се обидуваат да ги подобрат своите вештини за англиски јазик од специфични академски или професионални причини. Курсевите кои спаѓаат во категоријата “Англиски за посебни намени” (ESP) се особено привлечни за нив. Овие типови на курсеви по англиски јазик се дизајнирани да ги задоволат специфичните академски или професионални потреби на кандидатите. Еден од ESP курсевите по англиски јазик е англиски за Информатички Технологии. Секоја наставна програма е центрирана на јазикот и културата специфични за полето, додека паралелно се изучуваат сите јазични вештини (слушање, читање, пишување и комуникација).

Основната цел на овој курс е да им помогне на кандидатите успешно да ги развијат своите говорни вештини со внимателна подготовка за индивидуални задачи поддржана со добар изговор.

Во овој процес, особено е посветено внимание на релативно едноставен начин кандидатите да го совладаат вокабуларот од областа на ИТ.

group_work

Стекнати вештини
  • Збогатување на нивниот вокабулар по англиски јазик
  • Совладување јазични вештини неопходни за деловна комуникација по телефон, правилно пишување email CV-a, извештаи, понуди итн.
  • Усовршување на говорните вештини за изразување на мислењe, давање предлози и препораки, држење презентации или говор итн.
  • Повторување и изучување на правопис и граматички правила
  • Дискусии на бизнис теми
  • Зголемување на нивната самодоверба во користење на англискиот јазик во работна атмосфера
Сертификат
По успешно завршување на курсот, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за успешно завршен курс.

credit_card

Начин на плаќање
  • Уплата во готово со уплатница – 10% попуст за плаќање на целиот износ
  • Можност за уплата на рати
  • Уплата на фактура

phone

Контакт

За повеќе информации контактирајте не на телефон (од 09:00 до 17:00) или емаил.

phone +389 72 309 282 (секој работен ден од 09 до 17 часот)

email educentar@interworks.com.mk

favorite

ИнтерВоркс Едукативен Центар

library_books

За кого е наменет курсот
  • Курсот е наменет за основци од последните две школски години, за средношколци, студенти, кандидати кои што имаат желба во иднина да изградат кариера токму во областа на компјутерските науки и програмирањето.

access_time

Распоред на часови

Динамиката на одржување на средбите ќе биде по две средби (предавања, или часови) седмично.

Времетраeњето на една средба ќе изнесува 60 минути.

Вкупниот број средби ќе биде 20. Сите средби ќе бидат одржани во период од два и пол месеци (10 седмици).

done_all

Аплицирај!


I have read and accept InterWorks' Privacy Policy - Terms & Conditions