Летен курс: IT англиски за студенти и возрасни

Опис на курсот

Знаете ли што е заедничко за Lenovo, SAP и Samsung?

Покрај тоа што и трите се компании поврзани со информатичка технологија, истите се вбројуваат меѓу некои од многубројните глобални компании во кои што англискиот е официјален јазик.

Интересно е да се напомене дека Леново е со седиште во Кина, САП се наоѓа во Германија, а Самсунг е во Јужна Кореја. Се наоѓаат во многу различни делови на светот, но за сите нив е заеднички англискиот јазик.

Ова покажува колку е важен англискиот јазик за информатичката технологија. Исто така покажува колку во денешно време е важен англискиот јазик во меѓународниот бизнис.

Многу ИТ професионалци на кои англискиот јазик не им е мајчин јазик не може да бидат експерти за технологија доколку немаат доволно познавања на англискиот јазик потребни за ефективно комуницирање со компании како што се овие.

Бидејќи станува збор за тренд на меѓународните бизниси да го користат англискиот како свој официјален јазик, придобивките од изучувањето на англискиот јазик за ИТ се повеќе од јасни.

Овој курс е наменет за сите оние кои имаат желба да го усовршат англискиот јазик и да ги подобрат комуникациските вештини во областа на ИТ. Истиот целосно ги подготвува кандидатите за работење во оваа област во иднина.

Целта на овој курс е да ги развие вештините за секојдневно работење во оваа област, да ја зголеми самодовербата кај кандидатите за користење на постојните и новостекнатите вештини и да ги усоврши вештините на изразување на мислења, давање предлози и препораки, пишување деловни писма, извештаи и сл.

 

group_work

Стекнати вештини
  • Збогатување на нивниот вокабулар по англиски јазик
  • Совладување јазични вештини неопходни за деловна комуникација по телефон, правилно пишување email CV-a, извештаи, понуди итн.
  • Усовршување на говорните вештини за изразување на мислењe, давање предлози и препораки, држење презентации или говор итн.
  • Повторување и изучување на правопис и граматички правила
  • Дискусии на бизнис теми
  • Зголемување на нивната самодоверба во користење на англискиот јазик во работна атмосфера
Сертификат
По успешно завршување на курсот, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за успешно завршен курс.

credit_card

Начин на плаќање
  • Уплата во готово со уплатница – 10% попуст за плаќање на целиот износ
  • Можност за уплата на рати
  • Уплата на фактура

phone

Контакт

За повеќе информации контактирајте не на телефон (од 09:00 до 17:00) или емаил.

phone +389 72 309 282 (секој работен ден од 09 до 17 часот)

email educentar@interworks.com.mk

favorite

ИнтерВоркс Едукативен Центар

library_books

За кого е наменет курсот
  • Курсот е наменет за основци од последните две школски години, за средношколци, студенти, кандидати кои што имаат желба во иднина да изградат кариера токму во областа на компјутерските науки и програмирањето.

access_time

Распоред на часови

Динамиката на одржување на средбите ќе биде по две средби (предавања, или часови) седмично.

Времетраeњето на една средба ќе изнесува 60 минути.

Вкупниот број средби ќе биде 20. Сите средби ќе бидат одржани во период од два и пол месеци (10 седмици).

done_all

Аплицирај!


I have read and accept InterWorks' Privacy Policy - Terms & Conditions