Летен курс за Основи на веб дизајн (HTML, CSS, JavaScript)

Опис на курсот

Основните правила во програмирањето се едноставни и јасни, но програмите кои се градат врз овие правила стануваат сè покомплексни. Младите ученици, кои започнуваат со изучување на програмирањето, треба да совладаат обемен материјал.

Експанзијата на интернетот овозможува секој човек, компанија, организација и сл., на интернет да постави своја веб презентација (веб сајт – web site).

Покрај веб презентациите, коишто служат само за пасивно или статичко претставување пред светот, сè почесто, на интернет се среќаваат и цели веб апликации или веб решенија наменети за најразлични цели.

За креирање веб презентации или апликации, се користи јазикот наречен HTML (Hyper Text Mark-up Language). Тоа е многу едноставен јазик со кој текстот, сликите, како и сите други делови од веб страните се обединуваат во една логичка целина.

HTML е основа на сите веб решенија. Без разлика кои други јазици и технологии понатаму ќе се користат, тие мора да се интегрираат во HTML.

Веб решенијата по правило користат CSS (Cascading Style Sheets). Со нивна помош се дефинираат стиловите на визуелните елементи во веб презентациите и веб апликациите.

Современите апликации се веб решенија, генерално поделени на два дела, познати како предна страна (front-end) и задна страна (back-end). Предната страна претставува сè што гледа крајниот корисник и преку неа ја контролира апликацијата. Предната страна комуницира со задната страна, преку програмскиот јазик ЈavaScript, кој покрај за оваа комуникација служи и за додавање динамички елементи во веб страните.

Секоја веб страна, претставува документ кој во себе содржи три елементи или слоеви и тоа:

  1. HTML со што се дефинира структурата на документот;
  2. CSS е презентацискиот слој со кој се дефинира изгледот на страните и
  3. JavaScript е програмски јазик, со чија помош се додаваат акциите, однесувањето или динамиката во веб страните, како и комуникацијата со back-end.

Основна цел на овој курс е да ги запознае учениците со потребните технологии за креирање на front-end – т.н. предна страна.

Притоа посебно внимание е посветено, на наједноставен начин до учениците да се доближат сите потребни елементи, издвоени по слоеви, со цел нивно лесно совладување.

На почетокот учениците ќе го совладаат HTML, којшто претставува основа на сите современи апликации и тоа преку креирање веб страни. Потоа учениците ќе научат, како во претходно креираните страни да додаваат CSS. Во последниот сегмент од оваа обука, учениците ќе се запознаат со програмскиот јазик JavaScript, со чија помош ќе дефинираат динамички елементи во страните.

 

view_list

Програма
  • HTML и поставување работна околина: 5 средби;
  • CSS: 5 средби;
  • JavaScript: 10 средби.
HTML
  • Основна структура и основни елементи (тагови, атрибути, вредности);
  • HTML5/XHTML, DOCTYPE, основни правила, работа со текст, набројувања, заглавија и сл.;
  • Слики;
  • Врски (links);
  • Табели;
  • Форми;
CSS
  • Основна синтакса, селектори;
  • Каскадност;
  • Стилизирање;
  • Фонтови;
  • Димензии;
  • Box модел;
  • Видливост;
JavaScript
  • Увод во програмирање со JavaScript;
  • Променливи и нивни типови;
  • Оператори, изрази;
  • Услови, циклуси, низи;
  • Функции;
  • Начини на внесување JavaScript во HTML;
  • Основни примери.

phone

Контакт

За повеќе информации контактирајте нè на телефон (од 09:00 до 17:00) или електронска пошта.

phone +389 72 309 282

email educentar@interworks.com.mk

favorite

ИнтерВоркс Едукативен Центар

 

library_books

Потребни предзнаења
  • Не се потребни претходни предзнаења

access_time

Распоред на часови

Динамиката на одржување на средбите ќе биде по две средби (предавања или часови) седмично.

Времетрањето на една средба ќе изнесува 1h.

Вкупниот број средби ќе биде 20. Сите средби ќе бидат одржани во период од два и пол месеци (10 седмици).

group_work

Стекнати вештини

По успешно завршување на овој курс, учениците ќе се здобијат со следните знаења:

  • креирање статички веб страници со HTML;
  •  основи на стилизирање веб решенија со CSS;
  • совладување на основите на програмскиот јазик JavaScript за користење во веб страници;
  • искуство при работа со интегрираната алатка за развој на веб решенија – Visual Studio Code;
  •  можност за самостојно осмислување веб презентации;
  •  запознавање со протоколот HTTP;
  • припрема за натамошно совладување на јазикот JavaScript и за други цели;
  • зголемување на вокабуларот со корисни констукции од областа на програмирањето;
  • припрема за натамошно полесно совладување нови програмски јазици и технологии;

favorite

Придобивки
  • ќе ги стекнете сите неопходни предзнаења за понатамошно темелно совладување на веб дизајнот, односно креирање т.н. предна страна (front-end);
  • работа на практични примери и реални проекти.

verified_user

Сертификат
По успешно завршување на курсот, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за успешно завршен курс за Основи на веб дизајн (HTML, CSS, JavaScript).

credit_card

Начин на плаќање
  • Уплата во готово со уплатница – 10% попуст за плаќање на целиот износ;
  • Можност за уплата на рати;
  • Уплата на фактура.

done_all

Аплицирај!


I have read and accept InterWorks' Privacy Policy - Terms & Conditions