Од блиску со Деан Јошевски

Деан Јошевски- предавач на курсот: Основи на компјутерски науки и развивање софтвер

 

Како да станеш успешен програмер? Што сè треба да знае еден добар програмер? На курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер” посетителите ќе научат основи на програмирање и ќе ги стекнат сите потребни знаења за да можат да започнат самостојно да решаваат работни задачи, но и понатаму да можат самостојно да се надоградуваат.

 1. Деан здраво, започна курсот Основи на компјутерски науки и развивање софтвер, па според Вас што е она што го издвојува овој курс од останатите?

Живееме во свет кој се глобализира, а како резултат на тоа се зголемува бројот на компании, организации и сл., кои се распространети низ повеќе држави и континенти. Секојдневно се зголемува потребата од интернет решенија кои функционираат 24 часа во денот, 7 дена во седмицата, овозможуваат работа со повеќе различни јазици, валути, временски зони, стандарди итн.

Ваквите системи треба да бидат интернационализирани, да овозможуваат нивно користење преку различни нивоа на пристапување, различни оперативни системи итн. Притоа системите треба да помагаат при намалување на трошоците, а зголемување на брзината на извршување на сервисите, безбедно меморирање голем број податоци и др.

Затоа барањата од професионалците кои ги создаваат, тестираат, одржуваат, и надградуваат ваквите системи секојдневно се менува и зголемува.

Денес успешен програмер треба да поседува поголем број знаења за различни технологии, техники и алатки.

Оваа обука e креирана со цел да одговори токму на динамичкото менување и зголемување на  потребите, односно на кандидатите да им ги даде сите потребни знаења за да можат да започнат самостојно да решаваат работни задачи, но и понатаму да можат самостојно да се надоградуваат.

3. Повеќе од 20 години си во ИТ индустријата, односно имаш огромно искуство како демонстратор на Технички факултет но и како предавач за програмирање, а си работел и на доста проекти во различни технологии. Како се менуваше индустријата низ годините и што мислиш дека е најактуелно денес во оваа индустрија?

ИТ индустријата се менува, или поточно се развива со огромна брзина. При вакви прашања, не можам, а да не се потсетам дека како ученик користев хардвер кој денес се наоѓа само во музеи кои држат до себе, или кога користев тн BBS (bulletin board system) – систем со кој се поврзувавме преку „обичен“ телефон, но со иста цел како и денес што се поврзуваме во разни компјутерски мрежи, со помош на мобилните телефони.

Само до пред неколку години не можевме да замислиме дека ќе ги допираме екраните со цел да раководиме со компјутерите, а денес веќе сериозно зборуваме за компјутери кои сами себе ќе се „образoваат“ и ќе го препознаваат нашиот говор.

Секако денес е најактуелно системи кои се различни и тоа од повеќе аспекти, да се умрежат и координираат во една целина.

4. Модерното време и технологијата создадоа голем број веб страни кои нудат најразлични курсеви за ИТ. Како заинтересираните да изберат соодветни материјали и дали е возможно тоа да го направат на своја рака?

Токму големиот број книги, презентации, решени и нерешени задачи и сл., во голема мера го усложнуваат конструктивното пребарување корисни материјали. Често примерите поставени на Интернет се застарени, без следење конвенции и сл., што лесно ги наведуваат студентите на погрешни навики. Кога на ова ќе се додаде и обемноста на проблематиката, самостојното учење станува сè потешко и посложено.

Од таму доаѓа и потребата за образовни институции каков што е „ИнтерВоркс Едукативен Ценар“ кој се прилагодува на динамиката со која се развива ИТ индустријата и нуди актуелна обука.

5. За крај еден совет до сите кои на ваков или онаков начин се инволвирани во програмирање?

Инвестирајте во својата иднина – инвестирајте во своето знаење!