Целта на Интерворкс Едукативен Центар е понуда и реализација на курсеви од областа на компјутерски науки и инженеринг. Овие курсеви на слушателите ќе им го доближат и пренесат долгогодишното искуство и експертиза на Интерворкс како компанија-лидер во регионот во областа на развивање на софтвер, системска интеграција, тестирање, проектен менаџмент, мониторирање  и поддршка на системи.

Сепак, нашата иницијална мисија е реализација на интегриран курс за компјутерски науки и развивање на софтвер. Преку овој курс, слушателите ќе се стекнат со концепциски  и практични знаења кои се неопходен предуслов за вработување во една IT компанија. Темите се внимателно избрани и во согласност со моменталните трендови во IT индустријата, водејќи сметка при тоа за генералните компјутерски принципи и начела кои се основа на секое софтверско решение.

Опис на курсот

Курсот “Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер” ќе ги воведе слушателите во основите на Објектно Ориентирано Програмирање преку програмскиот јазик Java. Фокусот не е на конкретниот програмски јазик. Напротив, слушателите ќе се стекнат со генерални познавања за класи, интерфејси, енкапсулација и полиморфизам, односно знаење и принципи кои ќе можат да ги применат и во другите програмски јазици.

Секое софтверско решение вклучува обработка на податоци кои се запишани во најразлични формати како на пример CSV, XML, JSON или YAML. Во рамките на курсот ќе бидат обработени повеќе формати на податоци како и начините за нивна обработка преку XPath, XSLT, JSON Path, сето тоа демонстрирано преку практични примери.

Слушателите на курсот ќе се запознаат со повеќе структури на податоци како List, Set, Map, Binary Tree како и алгоритми за нивно процесирање: пребарување, сортирање…

Базите на податоци се неодминлив дел од повеќето софтверски решенија. Во рамките на курсот слушателите ќе имаат можност да научат да работат со бази на податоци преку практични вежби за моделирање на бази, запишување на податоците и нивно основно и напредно пребарување.

IT системите ретко се изолирани само за себе. Напротив, IT системите и нивните крајни корисници комуницираат помеѓу себе преку компјутерски и телекомуникациски мрежи. Слушателите во рамките на курсот ќе се запознаат со повеќе типови на мрежи и мрежни протоколи, безбедност на мрежниот сообраќај, алатки за добивање на мрежна информација…

Сите современи IT решенија нудат сервиси кои можат да бидат искористени и комбинирани од други системи, креирајќи при тоа функционални решенија во одреден домен. Курсот ќе ги обработи основите за дефинирање, имплементација, поставување и користење на SOAP и Restful WEB сервиси.

Познавањето на оперативниот систем, неговите алатки, сервиси и функционалности е основен предуслов за ефективна работа на секој софтверски инженер. Во рамките на курсот слушателите ќе имаат можност да се стекнат со знаења за оперативните системи Windows и Linux, како и за виртуелизациски технологии. Сето тоа ќе им овозможи својата работна околина да ја погледнат и од друг агол со цел да си го олеснат извршувањето на своите секојдневни работни задачи.

Процесот на развивање на софтвер неретко изгледа доста комплексно доколку истиот не е соодветно структуиран и базиран на општо воспоставени и прифатени технологии и алатки. Слушателите на курсот ќе имаат можност да се запознаат со менаџирање и верзионирање на кодот, автоматско пакување  и дистрибуција на апликациите, тестирање на апликациите и сервисите, проектен менаџмент…

Без разлика дали во процесот на развивање на софтвер се користат најсофистицирани алатки или не, човечкиот фактор е сепак најважен. Комуникацијата со клиентите и во рамките на тимот, среќата и мотивацијата на поединецот и тимот во целина, организирање на времето и приоретизација на работните задачи, работна етика, донесувањето на разумни одлуки и разрешување на конфликти се суштествени “меки” вештини со кои слушателите на курсот ќе бидат запознаени.

Динамиката на курсот “Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер” е 5 дена во неделата, 8 часа на ден. Нема да биде лесно, но верувајте ни, ќе биде ИНТЕРЕСНО!

Кандидатите кои успешно ќе го совладаат целиот материјал ќе се стекнат со знаења и вештини кои ќе им го отворат патот за вработување во IT компаниите. Интерворкс од своја страна и во согласност со моменталните побарувања, планира вработување на најуспешните кандидати, како и можност за рефундирање на средствата платени за овој курс доколку овие вработени покажат знаење и резултати во реализацијата на нивните секојдневни задачи.

view_list

Програма

Objected Oriented Programming 

  • Basic Data Types and Arrays
  • Collections: List, Set, Map
  • Classes and Interfaces: encapsulation and polymorphism
  • Program flow constructs: while, for-each, recursion etc.
  • Template Classes (Generics)
  • Design Patterns: Adaptor, Decorator, Factory, Visitor etc.

Data Representation

  • CSV and Fixed Width formats
  • XML, XML Schema, XPath and XSLT
  • JSON, JSON Schema, JSON Path
  • YAML

Data Structures, Data Algorithms and Databases

  • List, Set, Map, Tree, Directed and Undirected Graph
  • Sorting (Bubble, Merge and Quick Sort), Tree Traversing (pre-order, in-order, post-order), Depth First Search and Bread First Search
  • Relational Databases: modeling, insertion, querying, filtering , aggregations, transactions, indexes, ACID principles
  • ORM (Object to Relational Mapping) principles with Hibernate/JPA examples

Network Protocols

  • IP and addressing
  • TCP, UDP, DHCP, DNS,
  • IMAP, POP3, SMTP
  • SSL/TLS
  • HTTP

API Basics

  • SOAP Web Services, WSDL
  • Restful Web Services, Swagger, RAML
  • API Gateway (security, throttling, quality of service)

OS Basics

  • Windows OS Basics
  • Linux OS Basics
  • Virtualization and Containers: Virtual Box, Docker and Vagrant

Software Development Cycle

  • Source Version Control: Git, SVN
  • Dependency Management: Maven, NuGet, npm
  • JIRA: working with Projects and Issues
  • Jenkins and build automation
  • SCRUM project management
  • Quality assurance and Testing

Soft Skills

  • Communication skills and business communication
  • SMART goals, planning and time management
  • Work ethics, company culture and conflict resolution

phone

Контакт

За повеќе информации контактирајте не на телефон (од 09:00 до 17:00) или емаил.

phone +389 47 221 914 (ext 110)

email educentar@interworks.com.mk

favorite

ИнтерВоркс Едукативен Центар

library_books

Потребни предзнаења
  • Основни познавања од програмирање, концепти за развивање на софтвер и работа со оперативни системи
  • Одлично познавање на англиски јазик.

access_time

Распоред на часови

Курсот ќе се одржува секој работен ден, од понеделник до петок, по 8 часа.

group_work

Стекнати вештини

По успешно завршување на овој курс, кандидатите ќе можат самостојно да:

  • инсталираат и одржуваат оперативни системи и апликации;
  • да раководат со пристап до компјутерски мрежи;
  • да раководат со развој и одржување софтвер;
  • да користат бази на податоци, директно или со помош на наменски креирани апликации;
  • да креираат апликации со помош на програмскиот јазик Java;
  • да креираат и да користат веб сервиси, и др.
  • комуницираат на професионален начин;
  • да разберат што е компаниска култура и прифатливи начини на однесување во рамките на една компанија;
  • да поставуваат SMART цели;

favorite

Придобивки
  • можност за повраток на средствата – доколку по завршувањето на курсот се вработите во Интерворкс;
  • можност за вработување, веднаш по успешното завршување на курсот;

verified_user

Сертификат
По успешно завршување на курсот, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за успешно завршен курс за Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер (Computer Science and Software Development Basics).

credit_card

Начин на плаќање
  • Уплата во готово со уплатница – 10% попуст за плаќање на целиот износ
  • Уплата на три еднакви рати со уплатница
  • Уплата на фактура

done_all

Аплицирај!



I have read and accept InterWorks' Privacy Policy - Terms & Conditions